Магијата на празниците е во споделувањето

41

elka2-mala

Веб продавницата за подароци WOW Box во соработка со основното училиште Јахја Кемал, децата кои членуваат во ЦЕЕД ЕДУ клубот, креативните центри за деца на возраст до 14 години Сонце, Пеперутка, Еко Арт, Спирит и фудбалската школа Кул од Скопје отпочна хуманитарно – креативна активност за подарување новогодишни пакетчиња на децата згрижени во СОС Детско Село и децата без родителска грижа од Домот 11 Октомври во Скопје. Целта на акцијата е споделување на празничната магија и испраќање желби за среќа на непознато другарче.

Акцијата е замислена како наградна игра на WOW Box за деца на возраст од три до 14 години. Дечињата од WOW Box ќе добијат шаблони за изработка на пакетче елка коишто ќе треба да ги украсат, декорираат и потоа да ги состават како кутија за новогодишно пакетче. Услов за учество во наградната игра, покрај дизајнирањето на изгледот на елката е децата со своите родители да ја наполнат елката со подарок за нивен  врсник/чка од СОС детското село и домот 11 Октомври според својот избор и буџет. Петте најдобри дизајни според гласањето на публиката  ќе добијат новогодишно пакетче од WOW Box.

Предавањето на пакетчињата ќе биде реализирано во текот на последната недела од декемви. Како радост плус за сите дечиња е заедничкиот тренинг со Фудбалката школа Кул.

Се очекува дека со оваа акција ќе се подарат повеќе од 270 персонализирани новогодишни пакетчиња за сите дечиња на возраст од најмали до 14 години од СОС Детското село и Домот 11 Октомври.