Магнус – нов Стоби флипс со повеќе кикирики и во големо пакување

151

magnus-stobi-flips

Новиот Стоби флипс од Витаминка е со 30% кикирики, покрцкав, со поголема форма на флипсот и во повеќе грамско пакување. Создавањето на Магнус е во чекор со најновите трендови и е одговор на барањата на потрошувачите за флипс со збогатен и поинтензивен вкус на кикирики, од состојки со врвен квалитет и според добро познатата рецептура за истиот препознатлив флипс, стои во соопштението.

“Развојот на Стоби флипс секогаш ги следел барањата на пазарот, па така и Магнус Стоби флипс во себе ги спојува модерната технологија за создавање флипс којшто изобилува со вкус на кикирики и најголемата форма на флипсот, збогатувајќи го пазарот со она што недостигаше. Магнус ја исполнува таа празнина и нуди поголемо уживање за потрошувачите. Од самото создавање, омилениот македонски флипс се одликува со уникатност, висок квалитет и единствен препознатлив вкус, но вистинската вредност доаѓа од неговата популарност меѓу повеќе генерации. Магнус ја продолжува истата тенденција нудејќи повеќе и посилен вкус од веќе препознатливиот флипс“, изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка.

Новиот флипс Магнус е достапен на пазарот веќе од денеска во сите супермаркети, маркети и целата малопродажна мрежа.