Majestic Imperator Train de Luxe можеби однадвор не изгледа толку гламурнозно, но неговата внатрешност е повеќе од луксузна, пишува Luxpresso. Изграден е во 1891 година според потребите и желбите на австрискиот император Франц Јозеф I неговата жена Елизабета.
Возот има седум вагони во коишто можат да се сместат 239 патници. Првиот е наречен Franz Joseph и е одличен за забави, а има и студио со диџеј и бар. Потоа доаѓа Salon I, најстариот вагон од возот и е своевидна кафетерија со луксузни седишта. Љубителите на џез музиката можат одлично да си поминат во вагонот Excelsior, по којшто следува Fourgon каде е сместен персоналот, а има и бања со туш. Вагонот Equipage е идеален за состаноци, а во него има маса за билјард, удобни фотелји, табла за пишување и друго.
По него следува Ambassador со капацитет за 36 гости. Тука се наоѓа пијано бар со кралски маси и столици за вечера. Последен е вагонот на кралицата Елизабета обоен во нејзината омилена боја – сината. Нуди 24 места за седење и 24 кревети во четири приватни простории, а опремен е и со кујна и бар. Луксузниот воз е достапен за изнајмување, но и за купување по цена од 8.900.000 евра. Во цената се вклучени и експертски персонал, резервни делови како мебел и опрема.