Македонија 133-та од 139 земји во светот по воена моќ во светот

7

Македонија е 133-та од 139 земји во светот, што се дел од истражувањето на Global firepower.

САД се на прво место во светот со најмоќна воена сила, додека во првите пет влегуваат: Русија, Кина, Индија и Јапонија.

Од земјите во регионот, според воена моќ, највисоко е рангирана Грција (29-та). Потоа следат: Србија (61-ва), Хрватска (63-та), Бугарија (67-ма), Словенија (88-ма), Албанија (113-та), Босна и Херцеговина (121-ва) и Црна Гора (123-та).

На дното на листата се најдоа: Бутан (139), Либерија (138), Сомалија (137), Сиера Леоне (136) и Суринам (135).

Листата е креирана на основа на повеќе од 50 фактори за одредување на индексот на воена моќ.

Фото: Freepik