Македонија 2025 организира Форум за бизнисмени и инвеститори во Македонија од дијаспората

41

MAcedonia-2025-Logo-LG

Македонија 2025 со поддршка од Агенција за иселеништво на Македонија денеска организира Форум за бизнисмени и инвеститори во Македонија од дијаспората, јавува Миа.

На Форумот, што се одржува во Министерството за надворешни работи, се најавени 130 учесници.

Форумот, како што се наведува, се реализира како резултат на потребата да се слушнат искуствата и впечатоците на претприемачите од дијаспората, со цел да се вклопат во иницијатива за привлекување поголем број наши иселеници од странство кои ќе инвестираат во нови компании.

На форумот најавено обраќање на 20 претприемачи и деловни луѓе кои оствариле успешни инвестиции во разни области, кои ќе го искажат своето мислење за околностите кои одат во прилог на нивното работење во Македонија, како и за предизвиците кои го усложнуваат работењето, односно проширувањето на инвестициите. Претставници на Владата, пак,  ќе презентираат искуства и интерес за воспоставување поголема соработка помеѓу дијаспората и нашата земја, како и за подобрување на бизнис климата за иселениците.

Македонија 2025 ќе претстави истражување базирано на анкета доставена исклучиво до инвеститори од дијаспората, која открива детали околу нивните инвестиции и одговара на прашања засегнати со предностите на Македонија, квалитетот на административната поддршка и целокупната клима за водење бизнис.

Од Македонија 2025 велат дека можности за соработка и привлекување наши иселеници како инвеститори има многу, но и дека Македонија со целата нејзина административна инфраструктура мора да понуди стандардизиран приод кон нивните потреби.