Македонија 31-ва во Европа за водење бизнис според Eucham

22

Фото: Eucham

Данска, Норвешка и Шведска се топ три земји во Европа за бизнис, од вкупно 46 земји на стариот континент, додека Македонија го зазеде 31-то место, покажува годишниот извештај на Европската комора – Eucham.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија и тоа на 22-ра позиција. Седум места подолу се смести Хрватска, потоа е Македонија. Зад нив се најдоа: Црна Гора (33-то место), Турција едно место подолу, Бугарија (35-та позиција), Грција едно место подолу. Потоа следат: Србија (37), Косово (38), Албанија (42) и Босна и Херцеговина (45).

Три земји што се најдоа на дното на оваа листа се: Азербејџан, Босна и Херцеговина и Украина.

Земја што најмногу напредуваше во однос на претходниот извештај е Турција, чија оценка е подобрена за 3,10 поени, благодарение на што се искачи за четири места на 34-то место. Од друга страна, Грција има најголем пад на оценките, па од 34-то падна на 36-то место.

Истражувањето се заснова на две глобални рангирања – Doing business на Светска банка и Индексот за перцепција на корупција на Transparency International.