Македонија 43-та во светот по економски слободи

25

ekonslobodi Македонија е рангирана на 43 место од 184 земји во светот според индексот на економски слободи за 2014 година, што заеднички го објавија Фондацијата Херитиџ и Волстрит Журнал.
Годинава Македонија го подобрила индексот на економски слободи за 0,4 поени во однос на лани, што е најдобар скор откако е вклучена во рангирањето во 2002 година. (Сегашниот скор е подобар за 11 поени од 2002).
Во извештајот се наведува дека во Македонија е забележано подобрување во девет од 10 категории според кои се врши рангирањето: бизнис-слободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција.
За банкарскиот сектор се посочува дека се справил со глобалната финансиска криза релативно добро, а била задржана и монетарната стабилност. Како слабост се наведува легислативата за заштита на сопственичките права и борбата со корупцијата, како и судството кое е оценето како подложно на политичко влијание и корупција.
Од земјите во регионот Албанија е на 54 место, Бугарија и Романија на 62, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија 95 и Босна и Херцеговина 101 место.
Од ализираните земји годинава, 114 забележале напредок во економските слободи во однос на минатата година, додека Сингапур, Шведска, Колумбија, Полска и Турција оствариле најдобри резултати во своето постоење. Влошување на економските слободи се забележани кај 59 земји, додека четири земји ја задржале минатогодишната позиција.
На врвот на листата по економски слободи за 2014 година се Хонг Конг, Сингапур, Австралија, Швајцарија, Нов Зеланд, Канада, Чиле, Маурициус, Ирска и Данска.
Најдолу на листата се Северна Кореа, Куба, Зимбабве, Венецуела и Еритреја.