Македонија 43та на табелата најслободни економии во светот

25

globe_and_money_1Според заедничкото годишното истражување спроведено од американската фондација Heritage и весникот Wall Street Journal, Македонија се најде на 43 место на табелата најслободни економии во светот.

Со ова истражување беа опфатени вкупно 177 земји.

Од Балканските земји, Бугарија е на 60 место, последна во групата земји чии економии се оценети како умерено слободни, со 65 индексни поени.

Албанија е на 58 место со 65,2 поени, Романија на 59 со 65,1 поени, Србија на 94 место со 58,3 индексни поени, Босна и Херцеговина е на 103 место со 57,3 индексни поени.

На прво место во рангирањето, и 19-та година по ред, е Хонгконг со 89,3 индексни поени од можни 100. Втор со 88 точки е Сингапур. Меѓу петте лидери кои имаат над 80 точки се исто така Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија. Зад нив се Канада, Чиле, Маурициус, Данска и САД.  Кина е 136та, а Русија 139та на листата.

Последните три места припаѓаат на Еквадор, Аргентина и Украина.

Овој рејтинг е базиран на оценки по десет основни категории, кои го земаат предвид степенот на економската и трговската слобода, отвореноста за инвестиции, мешањето на државата во економијата, како и факторот корупција.