Македонија 46-та во светот по дигитален квалитет на живот

140

Македонија е 46-та од 85 земји во светот по дигитален квалитет на живот, според истражувањето на компанијата Surfshark.

Анализирано по сегменти, земјава има највисока позиција (39) за безбедност, а најниска (67-ма) според достапноста на интернетот.

Преку индексот DQL се мери квалитетот и достапноста на интернетот, безбедност, државни електронски услуги и електронска инфраструктура. Во анализата се користат податоци од Обединетите Нации, Светска банка, Меѓународна телекомуникациска унија и слично.

Скандинавските земји им нудат најдобри можност за дигитален живот на своите граѓани, а седум од 10 земји со највисок DQL индекс се од Европа. Првите пет позиции на листата од вкупно 85 земји во светот се најдоа: Данска, Шведска, Канада, Франција и Норвешка.

Од земјите во регионот, највисоко е рангирана Словенија (23). Потоа следуваат: Бугарија (26), Хрватска (34), Србија (49), Црна Гора (51), Албанија (55) и Босна и Херцеговина (74).

Фото: Freepik