Македонија 71-ва во светот по економски слободи

45

Македонија е 71-ва во светски рамки по економски слободи, покажува ранг листата на Институтот Фрејзер.

Во анализата се оценува: големината на администрацијата (53-та според овој критериум); правен систем и права на сопственост (113-та), стабилност на валутата (100-та), слобода на меѓународна трговија (64-то место) и регулатива (27-ма).

Лидер на оваа листа е Хонгконг, додека првите пет места им припаднаа на: Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија.

Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Албанија (26-та). Следни се: Бугарија (32-ра), Хрватска (61-во место), Словенија (62-ра), Србија (74-та), Црна Гора (80-та), Босна и Херцеговина (82-ро место) и Грција (92-ра).

Од вкупно 162 земји во светот, на дното според индексот на економски слободи се најдоа: Венецуела, Судан, Либија, Ангола и Иран.

Фото: Pixabay