Македонија доби графички регистар на градежно земјиште

21

katastar-580x266

Македонија доби графички регистар на градежно земјиште со што стана една од земјите каде што постапката за донесување на урбанистички планови се одвива целосно по електронски пат, пишува Миа.

Регистарот е изработен по тригодишна работа на експертски тим составен од претставници од надлежните институции и за него се инвестирани 250.000 евра обезбедени од Буџетот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистарот е достапен за професионалните корисници како што се планерските куќи, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за планирање на просторот, општините и геодетите, а од јуни годинава ќе биде достапен за користење и за граѓаните и за бизнис заедницата.

“Досега во Регистарот се внесени 477 урбанистички планови и урбанистичко планска документација доставени од општините. Упатувам апел општините кои не доставиле урбанистички планови во сила, тоа да го направат во најкраток можен рок“, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.

Бенефит од оваа нова алатка на Катастарот ќе имаат сите инволвирани страни почнувајќи од планерите до општините и граѓаните. Со него се овозможува брз и едноставен пристап во секое време до урбанистичката планска документација, следење на реализацијата на урбанистичките планови, како и можност граѓаните во секое време да видат што е планирано да се гради на нивната парцела…

Претставници од Комората на овластени архитекти и инженери изразија задоволство од новата алатка која им е ставена на располагање оценувајќи дека Регистарот претставува нов импулс за геодетските компании и унапредување на постапката за проектирање.