Македонија и Бугарија ќе ја продлабочуваат туристичката соработка

16

Бугарската министерка за туризам, Николина Ангелкова, заедно со поголема делегација составена од туристичкото стопанство и градоначалниците на неколку бугарски градови, е во посета на земјава, пишува Миа.

Планирано е министерот за економија Беким Незири денеска да оствари средба со Ангелкова, на која се очекува продлабочување на туристичката соработка меѓу двете земји.

Од македонска страна најавено е присуство на претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија, директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Скопје, Тетово, Охрид, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше.