На листата 50 најиновативни земји во светот, објавена од агенцијата Блумберг, Македонија е поместена на 48-то, а Хрватска на 34-то место.
Листата е составена врз основа на седум критериуми – интензитетот на спроведување на научно-истражувачките и развојни работи, нивото на продуктивноста на трудот, концентрацијата на високи технологии, процентот на истражувачи на милион луѓе, продуктивноста на индустријата, нивото на образование и патенти.
Кога станува збор за патенти, Хрватска има индивидуално најдобар рејтинг на 31 место, додека Македонија е најмногу вреднувана по концентрацијата на високи технологии и продуктивноста на индустријата, каде во двете категории го зазема 28 место.
САД, Јужна Кореја и Германија се на првите три места на листата, а Хрватска, во вкупната пресметка на сите оценки по сите критериуми го дели 34 место со Словачка.
Во првите десет најиновативни земји во светот се наоѓаат дури шест европски – Франција, Шведска, Данска, Австрија, Финска и Германија, како и три азиски држави – Јапонија Сингапур и Јужна Кореја.