Македонија и Кина склучуваат договор за соработка во инфраструктурата

51

Република Македонија денес ќе потпише меѓудржавен договор за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата со Народна Република Кина.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и амбасадорот на НР Кина во Македонија, Цуи Џивеи, ќе бидат потписници на овој договор.
Според изјавата на министерот Јанакиески, владата со кинеската поддршка планира изградба на автопатни делници во земјава.

“Користејќи ги преференцијалните кредитни линии, во соработка со „Експорт Импорт Банката“ на Кина планирана е изградба на патните правци Миладиновци – Штип, Штип – Кочани, Кичево – Охрид и Охрид – Св. Наум. Во текот на изминатиот период остварени се средби со повеќе заинтересирани компании кои искажаа сериозен интерес за учество во проектот”, рече министерот Миле Јанакиески.