Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71.290.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25.429 субјекти или 35,7% и Преработувачка индустрија со 7.918 субјекти или 11,1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0,2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0,2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6,2%, па субјектите со 10 – 19 вработени со 4,2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,5 %, со 1,8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.