Македонија има услови да создаде силна економија

43

summit 1_0Македонија има навистина голем потенцијалот за инвестирање, а инвеститорите се веќе запознаени со географската положба, довербата што се гради и транспареноста.

Конкурентноста и иновативноста се главните фактори за постигнувањето на динамичен економски развој, а Македонија ги има неопходните услови за да создаде една силна економија кога ќе придонесе за создавањето на едно здраво општество.

Ова беше посочено од владини претставници кои учествуваат на денешниот втор Глобален инвестициски самит во Охрид.

Министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, изјави дека повеќе инвестиции од дијаспората ќе има кога ќе ја запознаеме дека во Македонија има добри политики со кои ќе се заштита нивните инвестиции.

“Верувам дека кога се повеќе луѓе и повеќе држави ќе видат колку се инвестира тука ќе почнат и тие да доаѓаат”, изјави Наумоф и додавајќи дека има тројца инвеститори од дијаспората кои работат веќе во Македонија.

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, истакнувајќи дека на самитот се присутни голем број менаџери од странски фирми кои ги разгледуваат можностите за инвестирање во Македонија, рече дека некои од нив се првпат дојдени во земјата и оти со нив водат разговори за тоа што може да им се понуди.

“Генерално, секторите од каде што имаме најголем успех се од автомобилската, машинската и прехранбената индустрија и земјоделскиот дел каде има се поголем интерес, како и делот каде што има медицински делови”, изјави Самак.

Живко Мукаетов, член на Бордот директори на Македонија 2025, истакна дека организацијата поставува дефинитивно сериозен мост на соработка меѓу бизнис заедницата во Македонија и меѓу бизнис заедницата на Македонците кои живеат надвор од неа.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека Глобалниот инвестициски самит е комплеметарен со сите стратегии на Владата што се прават со цел зголемување на конкуреноста на македонската економија.

“Сите добро поставени политики се комплементарни една на друга. Она што очекуваме, покрај делот за добивање идеи за конкурентноста е и пред некои од инвеститорите кои се присутни тука да ја презентираме Македонија, да ги запознаеме со нашите инвестициски можности и да ги привлечеме во насока и тие да инвестираат и да отворат нови работни места”, рече Пешевски.

Вториот Глобален инвестициски самит се одржува денес и утре во Охрид, а главни теми на дискусија се конкуреноста, иновациите и претприемништвото. Учествуваат над 350 учесници од 20 различни земји.