Македонија ќе биде домаќин на конференција за активен туризам – AdventureNeht-Balkans

22

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со претставникот на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Светската асоцијација за активен туризам АТТА ќе ја најават првата европска регионална конференција за активен туризам – AdventureNeht – Balkans, чиј домаќин треба да биде Македонија.

Станува збор за тридневен самит кој ќе се одржи во мај 2016 година и треба да привлече околу 300 европски и светски тур оператори и медиуми.

На промоцијата ќе се обратат директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски, и извршниот директор на АТТА, Крис Дејл.