На промоција во Лос Анџелес министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски заедно со министерот без ресор Веле Самак ќе ги претстават бенефициите што македонската Влада ги нуди на заинтересираните што ќе одлучат да снимаат филмови на територијата на Република Македонија.
Целта е да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија и да почнат со работа во нашата земја, се вели во соопштение на Министерството за информатичко општество и администрација.
На средбата која ќе се одржи денеска во Лос Анџелес ќе присуствуваат голем број бизнисмени кои ќе имаат шанса да дознаат за можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.
По завршувањето на презентацијата закажани се поединечни средби со високи претставници од компанијата Walt Disney, како и посета на Warner Brothers Studio, во рамките на која ќе остварат средби со претставниците од оваа компанија.