Македонија на мобилната апликација Google Trips

17

google trips

Македонија е една од земјите којашто со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација Google Trips, јавува Миа.

Станува збор за персонализиран водич за патување, којшто на туристите им овозможува на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Google.

Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола и други градови, како и предлог ресторани и хотели низ државата. Предложените локации се категоризирани според однапред определени стандарди на Google – Top Spots, Indoors, Farhter Away, Places A – Z.

Мобилната апликација им нуди опција на посетителите да си ги испланираат патувањето со зачувување на своите резервации, посета на омилени дестинации, план за денот, препорака за храна, како и опции коишто помагаат со дополнителни неопходни информации за конкретната земја. Користењето на апликацијата е можно без поврзаност на интернет, а Google ова го прави со следење на неколку информации за патувањето на личноста како хотели, резервации во ресторани и слично, а потоа препорачува активности кои можат да се прават во близина на местото каде се наоѓа туристот.

Google информира дека приватниот сектор има можност да биде дел од оваа апликација и да ја промовира својата понуда преку означување (мапирање) на својот производ на Google Maps.

Како што соопштија од Google одлучиле да ја креираат оваа апликација по студија спроведена на Е-маркетер (Агенција за маркетинг истражување во дигиталниот свет) коишто најавија дека туристите се повеќе користат мобилни телефони за да го испланираат своето патување.

Очекувањето е дека до крајот на годинава, 50% од интернет резервациите ќе бидат вршени преку мобилен телефон, а до 2019 овој процент ќе достигне 70.