Македонија од денес со Стратегија за иновации

58

Владата на Република Македонија донесе Стратегија за иновации. На последната седница на Владата, одлучено е Македонија да има своја стратегија за иновации што ќе го опфаќа периодот од 2013, 2014 и 2015 година. Оваа стратегија ќе биде оснвниот документ врз основа на кој ќе се формулираат политиките, конкретните мерки како и активностите за поддршка на иновациите.

Стратегијата за иновации ќе донесе нов квалитет во развојот на бизнисот во Република Македонија, но и значајна поддршка за развојот на истражувачкта и образовната дејност. Средствата се значителни и ќе овозможат конкретна поддршка на определени политики, мерки и активности, изјави денес владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој додаде дека оваа стратегија нуди можности за подобрување на конкурентноста на бизнисите како и подобра заработка и финансиска кондиција на компаниите преку искористувањето на опциите на иновациите.

Со донесувањето на ваквата стратегија намерата на Владата е во брза иднина да се создаде Фонд за иновации и технолошки развој.

Фондот ќе има улога на централно тело креатор на политиките, координатор на системските активности и поддршка на компаниите, а ќе обезбедува техничка помош и консултантски услуги за ново-основани и постоечки претпријатија со цел зголемување на инвестициската подготвеност за воведување иновации и проширување на бизнисот. За формирањето на таков фонд и за негово почетно функционирање Влада обезбеди еден милион евра, дополни Ѓорѓиев.