Македонија сообраќај со бесплатен безжичен интернет на меѓународните линии

63

g4-580x435

Компанијата за превоз на патници Македонија сообраќај, во своите автобуси кои сообраќаат на меѓународни линии овозможи користење на бесплатен безжичен интернет. Бесплатен WiFi имаат патниците кои патуваат до 13 градови во Германија, Белград (Србија), Солун (Грција) и Софија (Бугарија).

“Како компанија која нуди задоволство на луѓето преку патувања и одмор, мораме да бидеме што поиновативни за да можеме да привлечеме поголем круг на наши клиенти. Се трудиме да бидеме различни и препознатливи на пазарот, пред сè со квалитетот и сигурноста што ги нуди нашиот бренд”, вели Ѓорѓи В’чков, претседател на Управниот одбор на Македонија сообраќај.

Македонија сообраќај како претпријатие постои од 1974 година. Покрај основната дејност меѓународен превоз на патници, во рамките на друштвото работат Туристичка агенција, Центар за професионална обука во патниот превоз, Авто школа, а дополнителна услуга што ја нуди е и поврат на ДДВ од странство.