Македонија станува дел од Европскиот зелен појас

54

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски денес во Берлин ќе ја потпише декларацијата за намера за Европски зелен појас.

Оваа иницијатива служи како алатка за воспоставување на прекугранични заштитни подрачја со цел да се заштитат и зачувуваат дивите видови.

Како составен дел од Балканскиот зелен појас, зелениот појас во Македонија се протега по должината на границата на државава со соседните земји, опфаќајќи притоа шумски, планински, тревести и водни екосистеми.

Површината на македонскиот зелен појас изнесува 5.125 километри на метар квадратен што претставува околу 19,9% од вкупната површина на државата. Опфаќа 11 заштитени подрачја и тоа националните паркови Пелистер, Маврово и Галичица, спомениците на природата – Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, Вевчански извори, Смоларски водопад, Колешински водопад и Мајдан, како и паркот на природата – Езерани на Преспанското езеро.