Македонија трета на листата најгостопримливи земји за туристите

29

14032013105513_makedonska trpeza turizamСо 6,7 бодови Македонија се најде на трето место на листата на најгостопримливи земји во светот за туристи, заедно со Мароко, Австрија и Сенегал. Како што пренесува CNN, листата беше објавена од страна на Светскиот економски форум, на почетокот на март.

Како најгостопримлива земја во светот е прогласена Исланд, со 6,8 бодови, исто колку и Нов Зеланд, кој е на второто место. Во рангирањето за 2013, каде еден од главните критериуми во анализата беше категоријата Однос на граѓаните кон туризмот, учествуваа вкупно 140 земји од светот.

Од останатите држави на шесто место се најде Португалија со 6,8 бодови, заедно со БиХ, Ирска и Буркина Фасо, пишува CNN.

На листата најмалку гостопримливи на прво место е Боливија со 4,1 бод. По неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт, Иран, Пакистан, Словачка, Бугарија и Монголија на последното место.