Македонија во жолта фаза

11

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Дневните температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 36 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Во наредните денови времето ќе биде сончево и многу топло со температура до 40 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено топло време се очекува на почетокот на следната недела, кога температурата на воздухот на повеќе места ќе надмине 35 степени, а во југоисточните делови ќе достигне и 40 степени.