Македонија за 516,7% го зголеми извозот на пејсмејкери за срце

35

Извозот на пејсмејкери за срце во светот минатата година достигна вредност од пет милијарди долари, што е за 8,6% помалку во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Ирска е на врвот на листата на извозници со 1,1 милијарда долари или над 22% од глобалниот извоз.

Меѓу петте најголеми извозници на овој уред што им е неопходен на многу луѓе во светот, кои имаат проблеми со срцето, се и: Швајцарија (828 милиони долари), Германија (814 милиони долари), Белгија (587 милиони долари) и Малезија (492 милиони долари).

Македонија е 55-та во светски рамки со извезени пејсмејкери во вредност од 37.000 долари или 516,7% повеќе во однос на 2018-та година.

Од земјите во регионот, Словенија е најдобро позиционирана (23-та) со извоз на пејсмејкери што надминува милион долари. Потоа следуваат: Србија (816.000 долари), Босна и Херцеговина (30.000 долари) и Хрватска (21.000 долари).

Фото: Pixabay