Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото издание на ЛИДЕР Проектот

67

thumbnail_13133373_878142488974270_2642874167501756130_n

Невладината организација Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото по ред издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија.

Проектот ќе се одржи овој мај во Скопје, а 40 учесници ќе добијат целосни стипендии од страна на Мк2025 каде се вклучени предавањата, материјалите, како и освежувањата за време на паузите.

Ivey School of Business го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворат можности за нивните заедници. Во текот на програмата учесниците на Лидер Проект ќе бидат во можност да го надградат своето знаење преку предавањата на врвни МБА инструктори кои зад себе имаат неколкугодишно работно искуство во менаџмент и телекомуникации, индустриско производство, нанотехнологија и мехатроника, деловни стратегии, дигитални екосистеми, бизнис инкубатори и други сфери.

Кој треба да аплицира: Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќе научите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџер за надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога и каде ќе се одржи: ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 8-19 мај, секој работен ден од 12-16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

За да аплицирате за програмата, на elena@macedonia2025.com испратете:

Апликација во PDF формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете тука: (http://www.macedonia2025.com/resurces/Application_Form_2017.pdf)

– Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк http://www.macedonia2025.com/about/leaders_club)

– Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 25-ти март.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.