Македонија2025 организира Отворен ден за едукативни програми и можности за стипендии

46

1

Македонија2025 на 15-ти март организира Отворен ден за едукативни програми на којшто ќе бидат претставени неколку програми за целосно студирање, програми за усовршување на вештини во деловниот свет и управување со компании, како и можности за стипендирање на истите.

Првиот дел на настанот ќе ги претстави програмите што ги овозможува Одборот за едукација на Македонија2025 во соработка со неколку видни универзитети во САД и Канада. Во овој дел ќе бидат претставени програмите на школото за бизнис и менаџмент Келог, центарот за едукација на извршен кадар Шулух, Лидер Проект на школото за бизнис Ричард Ајви и програмата за претприемачи на Џон Битов. Вториот дел на настанот ќе биде посветен на програмата за додипломски и постдипломски студии на Руската претседателска академија во Москва, РАНЕПА.

Дел од поранешните учесници на едукативните програми на присутните ќе им го претстават своето искуство, а членот на Клубот на лидери на Македонија2025, Никола Ќурчиски и висок претставник на РАНЕПА, ќе ги претстават разновидните можности за стипендирано студирање во оваа институција.

Настанот ќе се одржи во Бизнис центарот на Скопски саем, а регистрација на присутните ќе започне во 10:30 часот. Заинтересираните можат да го пријават своето учество на следниот линк https://goo.gl/forms/p6xeklbqSHvLJhyi2.