Македонијатурист планира оваа година да оствари 90 милиони денари добивка

59

Управниот одбор на Македонијатурист донесе проектиран план на приходи и расходи за 2020 година, објавен на Македонска берза.

Според проекциите, оваа година би требало да заврши со добивка од редовно работење во висина од 90.078.775 денари, додека очекуваното остварување за 2019-та година е на ниво од 80.829.390 денари.

Од компанијата планираат приходите од работењето за 2020 година да биде 321.374.965 денари, додека проектираното ниво на расходите од работењето е 231.296.190 денари.

“Остварувањата на приходите за деловната 2020 година е планирано со пет подружници, односно без подружницата Хотел Бристол, Хотел Јадран и поранешен Хотел Сарај кои не работат, како и ресторан Пивница, којшто во моментот е под закуп“, се наведува во коментарот кон Бизнис планот за 2020 година.

Компанијата Македонијатурист работи со пет хотели: Холидеј ИН, Супериор, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Белви и Хотел Водно.

Фото: Pexels