Македонијатурист за оваа година планира добивка од 78,5 милиони денари

40

Македонијатурист планира 2019 година да ја заврши со добивка од редовно работење во висина од 78.554.324 денари, покажува Бизнис планот објавен на Македонска берза.

Компанијата проектира приходи од работење во вкупен износ од 327.233.479 денари во текот на оваа година, додека вредноста на приходите се проценува на 248.679.155 денари.

“При ваква политика проектирано е за идната деловна 2019 година Друштвото да оствари раст на вкупните приходи од 3% и пораст на вкупни трошоци за 2%, а кое секако зависи и е во директна корелација и со планираните вкупни приходи, притоа водејќи сметка и за рационализација на нематеријалните трошоци онаму каде за тоа постои реална можност, притоа без последици на квалитетот на пружените крајни услуги на корисниците на нашите хотелско угостителски услуги. Бруто добивката која се планира да ја оствари друштвото за 2019 година е за 6% поголема од очекуваната остварена за 2018 год“, стои во Бизнис планот.