Македонијатурист за оваа година планира добивка од над 113 милиони денари

18

makedonija-turist-580x162

Управниот одбор на Македонијатурист го донесе Бизнис планот за 2018 година, според којшто се проектира остварување на добивка од редовно работење во износ од 113.120.106 денари.

“Бизнис планот на Македонијатурист за 2018 година е проектиран во услови на бавен економски раст на глобалните економски активности и проценета ниска стапка на инфлација, како и проекција во услови на благ пораст на БДП во земјата, зголемени цени на производите на мало и зголемување на личната потрошувачка“, стои во Коментарот кон бизнис планот за 2018 година.

Според планот, се очекува компанијата да оствари раст на вкупните приходи од 8% и пораст на вкупните трошоци за 5%, а кое што зависи и е во директна корелација и со планираните вкупни приходи. Бруто добивката, што се планира за 2018 година, е за 14% поголема од очекуваната остварена за 2017 година.