Македонијатурист за шест месеци оствари добивка од 41,8 милиони денари

21

makedonija-turist-580x162

Македонијатурист во првото полугодие од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 41.826.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка од 62.410.000 денари.

“Со работењето друштвото во шесте месеци од 2017 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 45,89 милиони денари, којашто е за 34% помала во однос на истиот период од претходната 2016 година или нето добивка од 41,83 милиони денари, којашто е за 33% помала од истиот период во минатата година“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, достигнаа вредност од 125.704.000 денари.