Македонијатурист за шест месеци прикажа добивка од 62,4 милиони денари

37

makedonija-turist-580x162

Македонијатурист во првото полугодие од 2016-та оствари вкупна сеопфатна добивка од 62.410.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 70.466.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на јуни достигнаа 160.500.000 денари, додека на крајот на јуни 2015-та година имаа вредност од 178.163.000 денари.

“Македонијатурист во текот на шесте месеци од 2016 година направо нови вложувања во износ од 516.792 денари, во одржување на своите објекти и набавка на опрема. Своите идни активности, компанијата во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети, за веќе комплетно реновираните објекти, инвестиционите вложувања, во помал обем ќе се насочуваат кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Во овој период, како што се наведува, компанијата направи нови вложувања во хартии од вредност со купување на обични акции коишто котираат на Македонска берза во вкупен износ од 10.051.000 денари, односно купени се 4.347 обични акции од Комерцијална банка.