Македонска берза го организира вториот отворен ден

30

Во пресрет на 20-годишнината од првиот ден на тргување, Македонска берза го организира вториот отворен ден за посета на берзата.

“Отворениот ден ќе Ви даде можност да бидете гости на Македонска берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нашето работење, да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционална поставеност, како и да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живот и да бидете сведоци на склучувањето на берзанските трансакции“, стои на страницата на Македонска берза.

Сите заинтересирани можат да се пријават на отворениот ден што ќе се одржи на 23-ти февруари со почеток во 11 часот.

Првиот отворен ден на берзата се одржа во октомври минатата година.