Македонска берза го прекина тргувањето половина час

Согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%.

По изминатите 30 минути, Македонската берза го продолжи тргувањето во 12:54:00 часот.