Македонска берза организира Недела на Funderbeam

39

Македонската берза во рамки на настанот Недела на Funderbeam организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam.

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Mакедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку којашто се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, стана полесно достапна и на македонскиот пазар. Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правни лица кои не се основани како акционерски друштва. Со оглед на големата важност на прашањето на развојот на малите и средни претпријатија, активностите на Берзата во овој домен добија официјална поддршка и од УСАИД Македонија, во рамки на активностите на Проектот за развој на деловниот екосистем.

Во период од 01.07. (понеделник) до 05.07. (петок) со закажување на состанок во просториите на Берзата ќе имате можност:

  • Да дознаете што е Funderbeam,
  • Да се запознаете со начинот на функционирање на платформата Funderbeam,
  • Да ги дознаете можностите кои ги нуди платформата за инвеститорите и компаниите

Вашиот интерес за посета може да го потврдите кај Каролина Каровска Божиноска на тел. 02 3122 055 или преку електронската пошта karolina@mse.org.mk.