Македонска берза организира Отворен ден на петти октомври

20

makedonska berza zvono

Македонска берза организира уште еден отворен ден што ќе се одржи на петти октомври (среда) со почеток од 11 часот.

“Отворениот ден ќе ви даде можност да бидете гости на Македонската берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нашето работење, да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционална поставеност и да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидете сведоци на склучувањето на берзански трансакции“, стои во соопштението на Македонска берза.

MB_Banners-Open_Days_(05.10.2016)-02

Сите заинтересирани своето присуство може да го потврдат кај Катерина Ј. Манева на 02 3122 055 или преку електронска пошта otvorenden@mse.org.mk.

На 22-ри октомври минатата година се одржа првиот отворен ден на Македонска берза, додека вториот отворен ден се одржа на 23-ти февруари оваа година.