Македонска берза организира отворени денови за посета на берзата

31

makedonska berza

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување, Македонска берза во следните неколку месеци ќе организиран Отворен ден за посета на берзата.

Првиот отворен ден ќе се одржи на 21-ви октомври, среда, со почеток во 11 часот.

“Отворениот ден ќе Ви даде можност да бидете гости на Македонската берза и да ги видите деловните простории во коишто се одвива нашето работење, да се запознаете со начинот на нејзиното функционирање и институционална поставеност и да го проследите начинот на којшто се одвива тргувањето во живот и да бидете сведоци на склучувањето на берзанските трансакции“, стои на официјалната страница на Македонска берза.