Македонска пошта подготвува тендер за заштита на своите објекти

31

Со цел да се намали бројот на кражби, Македонска пошта подготвува тендер за заштита на поштенските објекти.

“Станува збор за интегриран тростепен систем на заштита, со кој ќе бидат покриени сите единици на поштенска мрежа на Македонска пошта, и со кој се надеваме дека бројот на кражби кој во последно време и така е сведен на минимум во иднина нема да претставуваат закана за работењето. Во изминатиот период се работеше на дополнување и на интерните акти на Друштвото со цел намалување на ризикот од кражби“, се вели во соопштението.