Македонска премиера на Porsche Macan

20

1Порше Македонија ја прошири својата понуда и го претстави, истовремено со европската премиера, прекрасниот нов луксузен модел Porsche Macan за време на деветтото издание на модната недела, кое се одржа од 1 до 6 април 2014 во салонот на Порше Македонија, каде што македонските модни дизајнери ги прикажаа своите нови колекции за сезоната пролет лето.

Macan е првиот претставник на Porsche во компактната класа на спортско корисни возила, кој поставува нови стандарди во полето на динамиката и на уживањето при возењето како на асфалтирани патишта така и на нерамен терен. Неговото име потекнува од индонезискиот збор Macan – што значи тигар, а моделот ги комбинира типичните карактеристики својствени за Porsche: максимално забрзување, брзо сопирање, огромна сила на моторот, екстремна агилност, прецизно управување и фасцинантен дизајн. Дотолку повеќе, сите овие карактеристики се надополнети со високо ниво на удобност и секојдневен комфор. Спортските гени на Macan, веднаш се препознаваат по дизајнот и спортската елеганција. Сите изведби на Macan се произведени со најголема прецизност и со највисок квалитет, а тоа секогаш се очекува од Porsche.

Убавецот, со својот беспрекорен дизајн и надмоќен изглед го привлече вниманието буквално на сите присутни љубители на модата и дизајнот. За време на модната недела прекрасниот нов Porsche Macan  можеше да се види и во друштво на многу познати луѓе од модниот свет.

Брендот Porsche е светски лидер кој го движи напред дизајнот во автомобилската индустрија. Porsche е секогаш посакуван на сите модни случувања, а неговото присуството го зголемува значењето и им дава дополнителна вредност на манифестациите од овој тип.

2