Македонската делегација на средба со индиските ИТ компании

40

Индиски компании од ИТ секторот заедно со македонската делегација предводена од министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, на средба во Бангалор ги разгледаа потенцијалните потреби на компаниите за нивно дополнително проширување во Европа.
Како што се наведува во соопштението, делегацијата остварила средба со една од најголемите индустриски индиски конгломерати, компанијата Махиндра&Махиндра, како и со компаниите Hinduja Global Solutions, Infosys и Mindtree и биле посетени кампусите на две од водечките ИТ компании во светот, Infosys и Mindtree.
Договорено е и организирање на бизнис-форуми со цел презентирање на можностите за презентирање и зголемување на трговијата на средбата со министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати, Султан бин Саед Ал Мансори и министерот за интернационална индустрија и трговија на Малезија, Мустафа бин Мохамед.
Македонската делегација во чиј состав се и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, како и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, од 27 до 29 јануари присуствуваат на интернационалниот Бизнис Партнершип Самит во Индија, организиран од најголемата стопанска комора во Индија. На Самитот учествуваат повеќе од 1.000 компании и претставници од 35 држави во светот.