Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денес ги презентираше новите возила, шкода јети. Тие ќе ги заменат заменат старите крајслери кои министерството досега ги користеше.
Компанијата Порше беше избрана како најповолен понудувач на тендерот што Министерството за внатрешни работи го распиша за набавка на 150 нови возила.
Понудата која Порше ја даде за набавка на овие возила беше 199.750.000 денари, односно за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата. Новите шкода јети со ознаки на полицијата се во бела боја, а во цената е вклучено и тригодишнo бесплатно одржување.
Предвидено е новите возила да имаат дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 1.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати. Крајслерите кои министерството досега ги користеше беа купени на последниот тендер за набавка на возила за МВР пред 12 години.