Македонски фармери во посета на Саемот за земјоделство во Бурса

41

Седумдесет фармери и бизнисмени во организација на Федерацијата на фармерите на Република Македонија и ТУЈАП ФЕРС го посетија земјоделскиот саем во Бурса – Турција, која е една од најголемите меѓународни саемски манифестации.

Саемот годинава се одржува по единаесети пат, а на настанот беа презентирани најнови технологии од областа на земјоделството.

Македонските земјоделци имаа можност да се запознаат со новите технологии на производство чија цел е намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста, како и да разменат искуства со турските фармери и институции од областа на земјоделството.

Посетителите на Саемот имаа можност да видат земјоделска механизација и технологија, пластеници,  системи за наводнување, земјоделски лекови, семе и саден материјал, цвеќарство, еколошко земјоделство,  агроинформатика, млеко и млечни производи, живинарство, сточарски производи, производи од животинско потекло, ветеринарство, лекови, опрема.