Македонски компании учествуваа на тим билдинг: Освојување на Монт Еверест

95

11693889_1729795953914251_521977669423081671_n

Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија воведе бизнис симулација – тим билдинг игра: Освојување на Монт Еверест, којашто е револуцинерен чекор во организациското однесување, се вели во соопштението.

Играта вклучува елементи на стратегија, планирање, компромис, калкулација на ризик, тимско и индивидуално одлучување, искуствено учење и многу забава. До сега е превземена од бројни светски компании како: IKEA, Microsoft, BOCSH, SONY, Coca –Cola и многу други.

Со цел промоција и симулација на играта Освој го Монт Еверест, Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со ДООР Македонија организираше еднодневен настан со повеќе македонски банки, ИТ и производствени компании на кој се симулираше играта. Преставниците од компаниите имаа можност да искусат комплетно нов пристап во тим билдингот и да уживаат освојувајќи го Монт Еверест.