Македонски производи на полиците во Дубаи

357

mk proizvodiПроизводи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и други земји од регионот стигнаа на пазарот на Блискиот Исток, во супермаркетот ЕуроБалкан шоп, кој деновиве свечено беше отворен во Дубаи.

“После повеќегодишни подготовки и многу вложен труд, конечно успеавме да донесеме српски производи на пазарот на Обединетите Арапски Емирати. Нашата дијаспора во Емиратите во последните години стана толку голема, а со тоа и потребата за вкусовите од нашите краеви. Се надеваме дека со овој потег им отвораме можност на нашите произведувачи за извоз на еден голем пазар – Блискиот исток и Северна Африка”, вели Мирко Димковски, еден од сопствениците на компанијата ЕуроБалкан, јавува Танјуг.

Во новоотворениот супермаркет, покрај производите на Соко Штарк, Бамби, Медела, Донкафе, Свислион, можат да се купат производи на Випро, БиоНатура, Гием ГП од Македонија, производи на Краш, Подравка, Агрета од Хрватска, Овако од Бих, а наскоро се планира проширување на асортиманот.

Како што пишува Танјуг, на свеченото отворање присуствувале официјални лица од ОАЕ, како и претставници на српската амбасада во Емиратите.

dubai