Пет тимови од Универзитетот Св. Апостол Павле од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда.
“За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација за светски познат бренд како Дурекс, е искуство повеќе и предност за студентите во нивната понатамошна кариера”, изјави Мерсиха Исмајлоска, координатор на проектот од Универзитетот Св. Апостол Павле.
Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот Дурекс и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво.
“Брендот Дурекс на глобално ниво секогаш изненадува со интересни и интерактивни содржини за мобилните корисници. Така и овојпат, нашата цел е во соработка со студентите од Универзитетот Св. Апостол Павле да креираме производ кој ќе биде интерактивен и забавен за сите корисници на национално ниво, кој истовремено има едукативна компонента. Финалното решение наскоро ќе биде достапно и се надеваме дека ќе ви се допадне”, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, генерален застапник за брендот Дурекс во Македонија.
Натпреварот ќе трае до 15 јуни, по што ќе бидат прогласени победниците и апликцијата ќе биде поставена за македонските корисници да може да ја симнуваат.