Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком, на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона

7

barcelona-mwc

Македонски Телеком на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона ги презентираше новите Well – FI и Seamless Connectivity решенија кои се развиени од Дојче Телеком.

Македонија е првата земја во групацијата каде се тестираат овие пилот проекти, а се очекува веќе наредната година да бидат достапни за корисниците.

“Со новите решенија ќе им овозможиме на корисниците поголема брзина, сигурност и капацитет на интернет услугите. Со комбинација на фиксната и на мобилната мрежа ќе се добие подобар сигнал во секое време и на секое место. Секаде ќе обезбедиме добро поврзување за корисникот да ужива во подобри услуги без разлика каде и да се наоѓа“, изјави Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски телеком.

На Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона, голем интерес предизвика 5G технологијата на иднината која ја презентираше Дојче Телеком. Оваа технологија не само што ќе донесе поголема стабилност на сигналот и побрз интернет, туку и ќе направи голем исчекор во секојдневниот живот и бизнисот. 5G сосема ќе го смени начинот на кој функционира нашето општество: машините ќе комуницираат со други машини, ќе живееме во паметни домови и паметни градови, ќе возиме паметни автомобили, како и многу други придобивки, кои денес не можеме ни да ги замислиме. Се очекува оваа технологија да биде имплементирана во Европа до 2020 година.

На светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона се претставија 800 оператори и 300 компании во светот