Македонски Телеком лани прокнижи добивка од 1,5 милијарди денари

158

Македонски Телеком минатата 2019-та година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.505.395.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во 2018-та година, добивката на телекомуникациската компанија достигна ниво од 1.421.564.000 денари.

“Нето добивката за 2019-та година е зголемена за 6,3% (без ефектот од МСФИ 16) во споредба со претходната година, додека нето добивката (вклучувајќи го ефектот од МСФИ 16) е зголемена за 5,9% и изнесува 1.505.395.000 денари. Имплементацијата на МСФИ 16 има негативен нето ефект на нето добивката во износ од 5.552.000 денари“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Приходите од продажба во 2019 година изнесуваат 10.840.514.000 денари, што, како што се наведува, претставува зголемување за 3,6% во споредба со претходната година.