Македонски Телеком прокнижи добивка 1,6 милијарди денари

51

Македонски Телеком со добивка од 1.603.171.000 денари ја заврши 2020 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на телекомуникациската компанија беше 1.505.395.000 денари.

“Нето добивката за 2020 година е зголемена за 6,5% во споредба со претходната година и изнесува 1.603.171.000 денари. Овој пораст главно се должи на зголемувањето на финансиските приходи, како резулатат на зголемени приходи од камати од ослободување на резервирани средства за еден правен спор, за кој Апелационен суд донесе одлука во корист на Друштвото. Пресудата во правниот спор е конечна. Иако, постои можност да се преземат вонредни правни дејствија, критериумите за резервирање на средства не се повеќе исполнети“, стои во Образложение за работењето на Македонски Телеком од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.

Вкупните приходи од продажба заклучно 31-ви декември 2020 година изнесуваа 11.085.220.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 10.696.879.000 денари, а остатокот од 388.341.000 денари е на пазари во странство.

“Приходите од продажба во 2020 година изнесуваат 11.085.220.000 денари, што претставува зголемување за 2,3% во споредба со претходната година“, стои во Образложението.

Фото: Pexels