Македонски Телеком со попуст на телефони и подарок дрес од Вардар

19

foto

Македонски Телеком, како најверен долгогодишен поддржувач на европскиот шампион Вардар, подготви одлично изненадување за своите корисници. Горди на историскиот успех којшто го постигна Вардар, Македонски Телеком од утре до 18 јуни овозможува шампионски попуст од 1.000 денари на сите телефони од своето портфолио. Попустот се однесува за купување на телефони во Доверба 24 во Smart M/ L постпејд, како и за Magenta 1 M/ L пакетите, стои во соопштението.

Дополнително, во периодот од седми до 18 јуни, Magenta 1 M/L корисници на Македонски Телеком ќе добијат на подарок ексклузивен дрес на нашиот шампион Вардар. Сите нови и постојни Magenta 1 M/ L корисници кои ќе го обноват договорот Доверба 24, имаат можност да го добијат овој уникатен подарок. Дрес ќе добијат и кoрисниците со Фамилијарен буџет во Magenta 1 M/L пакетите.