Македонски железници купува 150 нови товарни вагони

36

tovaren vozМакедонски железници ќе го обнови возниот парк со нови вагони со што се очекува зголемување на превозот на патници и стоки. Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, а за патничките се очекува да биде објавен во текот на август. Средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а проценетата вредност на инвестицијата е 50 милиони евра од кои за товарните вагони се очекува да бидат потрошени 15 милиони, за патничките 25 милиони и 10 милиони за рехабилитација на постојните вагони.

“Со ваквиот чекор Македонски железници – Транспорт ќе го зголеми возниот парк и ќе ја зголеми можноста за превоз на поголеми количини стока”, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната прес-конференција, јавува Миа.

До 10 септември треба да бидат доставени понудите за товарните вагони по што ќе следува периодот на евалуација и потпишувањето на договорот до крајот на годината, а новите товарни вагони се очекува да бидат доставени во текот на следната година.